Јавноста се прашува: Зошто Меган Маркл носи гардероба само во пастелни тонови?

Англија- Американската актерка Меган Маркл, по венчавката војвотка од Сасекс, комплетно го смени гардероберот. Во јавноста препознатлива по црната, тегет и зелената гардероба, откако влезе во кралското семејство, исклучиво избира елегантни и еноставни фустани во пастелни бои-бела, пудереста или во крем нијанса.

-Маркл, новата миленичка на кралицата Елизабета Втора бира тоалети во неутрални бои поради респект кон кралицата која секогаш е облечена во живи бои. Тоа е еден повисок степен на софистициран изглед кој Меган почнува да го учи и да го применува во јавноста. Со тоа добива позитивни коментари и од модните експерти и од кралското семејство, објаснува стилистот Лукас Армитаж за „Дејли Мејл“.

Маркл за разлика од Кејт Мидлтон која носи исклучиво англиски, бира тоалети со француски потпис, а засега и е најомилен брендот „Живанши“.