Ѕвезди ги пеат песните на Елтон Џон на новиот албум

Англија– Во април ќе излезе двоен албум со песните на Елтон Џон, исполнети од негови колеги како Мајли Сајрус, Лејди Гага и Ед Ширан, Доли Партон и Мери Џеј Блајџ.

Двата дела на албумот се нарекуваат „Revamp and Restoration“. Изведувачите лично се избрани од пејачот.

„Секогаш е одличен комплимент кога друг музичар ја сака твојата музика и прави напори да ја репродуцира“, рече тој.

По објавувањето во јануари дека ја прекинува неговата концертна активност, тој ја објави својата последна турнеја во септември во САД.