Ѓорческа по пресврт до втора победа на турнирот во Португалија

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа забележа втора победа на турнирот во Обидош, Португалија.

Ѓорческа ја совлада Германката Ана Класен по пресврт, со 5:7, 6:0, 6:4 на ИТФ-фјучрс турнирот, кој е со награден фонд од 25 илјади долари.

Во третото коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра со уште една Германка – Лена Рефер.