Ѓоковиќ: Честитки до Хрватска за сребрениот медал

Победникот на овогодинешното издание на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ уште еднаш и се поклони на хрватската фудбалска репрезентација за огромниот успех на Мундијалот во Русија, каде го освоија второто место. Српскиот тенисер неколку пати јавно кажа дека навива за Хрватска, по што и „коцкестите“ фудбалери му возвратија на подршката, па изјавија дека му посакуваат титула на престижниот турнир во Лондон.

„Честитки до Лука Модриќ и целата хрватска репрезентација на извонредниот успех. Убаво е да се види како толку мали земји од нашиот регион успеваат на толку големи светски мотри како Светското фудбалско првенство“, рече Ѓоковиќ за Српската радио-телевизија.