Ѓоковиќ сигурен, Раониќ испадна, на Федерер му е рано за пензија

Елиминацијата на Милош Раониќ, кој беше поставен за 22 носител, е најголемото изненадување на вториот ден од тенискиот Австралија опен. Канаѓанецот со црногорско потекло е поразен од Лукаш Лацко од Словачка во четири сета: 6-7, 7-5, 7-5 и 7-6. По шестмесечна пауза, на тениските терени се врати и поранешниот најдобар светски играч, Новак Ѓоковиќ, кој со 6-1, 6-2 и 6-4 го збриша Доналд Јанг. Во второто коло, Србинот ќе игра против Гаел Монфилс од Франција. Ќе биде 15 нивен меѓусебен дуел, а Ѓоковиќ ги доби сите претходни. Успешен кам-бек имаше и швајцарецот Стан Вавринка, кој со 3-1 го елиминираше Рикардар Беранкис од Летонија. Рожер Федерер, пак, му препушти само десет гема на словенецот Алјаз Бедене.

„Пензија? Си велам себеси дека ми е рано“, рече 36-годишниот Федерер, веројатно најдобриот тенисер на сите времиња.

Во втората рунда ќе играат и Доминик Тием, Александар Зверев, Хуан Дел Потро, Томаш Бердих. и Давид Гофен.

Кај жените, пак, од терените во Мелбурн се прости 29. носителка Петра Квитова, која загуби од германката Андреа Петковиќ. Другите фаворити немаа проблеми.