Ѓоковиќ против Андерсон во финалето на Абу Даби

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го порази Карен Хачанов на натпревар на тенискиот турнир во Абу Даби (ОАЕ).

Ѓоковиќ беше категоричен по 6:4, 6:2, а натпреварот траеше 62 минути.

Противник на Ѓоковиќ во финалниот меч ќе биде Кевин Андерсон од Јужна Африка кој го порази Рафаел Надал со 4:6, 6:3, 6:4 претходно во денот.

Турнирот во Абу Даби се одржува секоја година од 2009 година. Наградниот фонд е 250 илјади долари.