Ѓоковиќ преку Надал до финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал и се пласира во финалето на Вимблдон. Србинот одигра извонреден меч, кој траеше пет часа и 21 минута и славеше победа со 3-2 во сетови.

Полуфиналниот меч почна вчера, Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, Надал изедначи во вториот со 6-3, а во третиот сет се играше тајбрејк кој го доби Новак со 11-9. Мечот продолжи денеска кога Надал го доби четвртиот сет со 6-3. Во петтиот решавачки сет, кој се играше час и половина славеше Ѓоковиќ со 10-8 за пласман во финале.

Противник на Ѓоковиќ во утрешното финале на Вимблдон, кое почнува од 15 часот ќе биде Кевин Андерсон