Ѓоковиќ не игра, но напредува на АТП листата

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција на новата АТП листа.

Ѓоковиќ, кој подолго време отсуствува од терените поради повредата на лактот, сега се наоѓа на 13.место поради падот на шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста.

Во моментов српскиот тенисер е на подготовки во Монте Карло, каде тренира да се врати во натпреварувачка форма.

Прв на листата е Швајцарецот Рожер Федерер, додека Шпанецот Рафаел Надал е втор.