Ѓоковиќ до Модриќ: Браво мајсторе, заслужено

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата најдобар фудбалер на светот на Хрватот Лука Модриќ. Кратко по доделувањето на наградата, Ѓоковиќ напиша на „Инстаграм“:

„Браво Лука. Апсолутно заслужено, мајсторе. Нека ти е со среќа“.

Ѓоковиќ и летово за време на Светското првенство во Русија отворено навиваше за Хрватска.