Ѓоковиќ го среди и Раониќ, со Чилиќ во полуфинале

Некогаш најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се поласира во полуфиналето од тенискиот турнир во Синсинати. Со 2-1 во сетови, ноќеска го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ. За меч во финалето ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ, кој лесно го помина Карено-Буста од Шпанија. Во другото полуфинале ќе се сретнат Рожер Федерер и Даниел Гофен од Белгија.