Ѓоковиќ го победи Модриќ во изборот на новинарите за „Спортист на Европа за 2018“

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се најде пред најдобриот фудбалер на планетата, Лука Модриќ во изборот на новинарите за најдобар спортист на Европа за 2018 година.

Во гласањето учествуваа 24 новински агенции, а изборот го организираше полската ПАП.

За Србинот ова е трето вакво признание, по 2011 и 2015 година.

Пласман и бодови на ТОП 10 спортисти на Европа:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 145 поени
2. Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) – 132
3. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1) – 114
4. Естер Ледечка (Чешка, сноуборд) – 74
5. Мартен Фуркад (Франција, Биатлон) – 69
6. Марсел Хиршер (Австрија, алпско скијање) – 67
7. Марит Бјорген (Норвешка, крос-кантри) – 59
8. Антоан Гризман (Франција, фудбал) – 43
9. Кевин Мајер (Франција, Атлетика) – 40
10. Симона Халеп (Романија, тенис) – 39
10. Камил Штох (Полска, ски скокови) – 39