Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Денешниот противник на Србинот во четвртфиналето, Кеи Нишикори од Јапонија немаше сили да го доигра цел меч и се предаде во текот на вториот сет.

Во моментот на прекинот Ѓоковиќ водеше со 6:1 и 4:1.

За Ѓоковиќ ова е седмо полуфинале на Грен слемот во Мелбурн и прво по 2016 година.

Противник на Новак во полуфиналето ќе биде Лук Пуј од Франција, кој рано утрото беше подобар од Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-1.