Што се прави со ситните пари кои ги оставаме по аеродромите?

Еве една ситуација со која се среќаваат многу патници на авиони: трчате да стигнете до авионот, ги претресувате џебовите и наоѓате кованици кои ги ставате во кантата со работи пред да поминете контрола. Брзајќи, заборавате да ги соберете.
Такви патници има илјадници, а само на аеродромот LAX во Лос Анџелес во 2018 година се собрале 62.230,79 заборавени долари.
Но, тие заборавени пари не може туку така да се користат. Имено, кога се собираат тие се префрлаат на аеродромите ширум земјата, кои праќаат сметки до Даночната управа.
Конечно, тие пари завршуваат на специјален фонд на кој му е дозволено да ги троши тие пари за обезбедување во цивилната авијација.
Значи, кога ги оставате ситните пари на аеродромот знајте дека сте придонеле за идната сигурност.