Што облече Лепа Брена на свадбата на посинокот Филип Живојиновиќ?

Србија– Балканската ѕвезда Лепа Брена предизвика внимание со својот избор на виолетов фустан денес за свадбата во Белград на посинокот Филип и неговата избраничка , пејачката Александра Пирјовиќ. Елегантниот изглед беше дополнет со екцентрична шапка каков што носат дамите на коњските трки „Ројал Аскот“. Мајката на Филип која допатува од САД избра зелена тоалета.

Во домот на Лепа Брена денеска беше весело,  а 900 гости од цел свет сега се гоштеваат на прославата во еден белградски луксузен ресторан. Ги служат 160 келнери, додека една од најскапите ставки беше изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели.

Идните младенци ангажирале приватно обезбедување, од кое 60 телохранители ги чуваат гостите. Двојката веќе го потпиша предбрачниот договор.