Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Планетите во Јарец укажуваат дека проектите се во напредната фаза, но ова е момент кога ќе треба да кажете стоп! Би можеле да се соочите со непредвидена бура и да доживеете повреда, затоа внимавајте и повлечете се на време во сигурноста на својот свет. Месечината во Рак ве повикува дома сега.

БИК: Сонцето од Јарец ги потенцира сите убави квалитети кои што го красат вашиот знак, а тоа е добродушната природа, внатрешен мир и толеранција, како и незагасливата жед за животот. Ја покажувате својата компетентност; повлечете тивко, како самовилски крал кој се приближува до своето кралство. Удобност.

БЛИЗНАЦИ: Се борите храбро за своите идеи и покрај сите препреки наоѓате сила да продолжите напред. Имате енергија да се заземете за саканите и топло да споделите некоја идеја со прогресивен карактер. Разумни и објективни, ги впивате и враќате сите сигнали кои доаѓаат до вас – време е за забава и романса!

РАК: Месечината во вашиот знак ви носи симпатии: се договарате, се убедувате и разговарате за начини како би ги реализирале своите визии. Со Марс од Овен ќе треба да внимавате да не избрзате и завршите со повредена глава. Неколку аспекти бараат од вас да се приспособите и да се заштитите со време. Повлечете се.

ЛАВ: Полека се враќате во форма и успевате да ја обновите својата сила. Расположени и неверојатно мудри, ги ставате саканите под своја заштита, давајќи совети со убава духовна содржина. Ќе успеете да избалансирате и на емотивен и професионален план и можеби ќе појдете некаде на краток пат.

ДЕВИЦА: По постигнатата слава и статус, ќе сакате да се повлечете и да бидете со најблиските. Фокусирани на својата лична вистина, нема да дозволите да ве однесе текот на настаните. Марс од Овен ви дава храброст да се соочите со сенките: господарите храбро од своето царство и чекате трпеливо на својот ред.

ВАГА: Сетете се на онаа старата, дека секој од нас треба да замине еден ден, но до нас е да одбереме што ќе правиме сè додека тој ден не дојде. Повеќе предизвикувачки аспекти го затемнуваат вашето небо, но потпрете се на својата љубезна природа и обидете се да препливате до другиот брег. Има шанси.

СКОРПИЈА: Ова е динамично време и наместо да одморите, најверојатно ќе се впуштите во остварување на повеќе проекти: разменување на идеи, телефонски повици и мејлови и сето тоа за еден викенд! Месечината од Рак ја открива вашата длабока природа и ќе успеете да се изразите еднакво на сите страни. Славење!

СТРЕЛЕЦ: Со голема љубов се посветувате на своето интимно хоби и интереси, сакајќи да ги унапредите односите меѓу луѓето. Како професор, кој што гледа со сомилост во учениците и им дава инструкции од важен карактер. Балансирајте добро, особено ако треба да патувате: можни се застои, чекања и нејаснотии. Буџет.

ЈАРЕЦ: Во полна зрелост, гледате од својот дворец мудро разбирајќи ги работите и промените со кои што соочуваат вашите блиски. Тркалото на среќата повторно ќе се заврти и ќе се открие што се крие во заднината. Некоја сочувствителна госпоѓа ви помага да дојдете до саканата промена и ќе ви даде нови идеи.

ВОДОЛИЈА: Ова е време кога треба да сте до блиските и да се почнете да се сеќавате на минатото, како извидници околу логорски огин. Нема потреба од итрини и исмевање, сега треба да ги одбраните оние кои се под ваша директна заштита. Не брзајте, туку откријте дел од невидливиот свет околу вас. Интуиција!

РИБИ: Можеби вложеното не се врати како што очекувавте и гулабот се претвори во чавка која креска, но тоа е причина повеќе да се адаптирате и да се препуштите на советите на некоја силно интуитивна госпоѓа. Можеби и вие самите ќе давате совет: вашето разбирање се продлабочува и ја сфаќате болката зад сето тоа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com