Штип ќе добие пајак служба

Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ како донација од град Скопје доби пајак возило. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека возилото е веќе во Штип, а во функција ќе се стави за месец и половина.
– Ќе треба да се направат многу пропратни работи за да профункционира пајак службата, ќе треба да направиме сертификати за луѓето, кои што го опслужуваат, потоа обука. А тест за хидроуликата на возилото, потоа да одредиме место, каде ќе бидат носени возилата, кои што ќе ги подигне пајакот, вели Протогеров.
Штип првпат ќе има пајак служба, а низ централното градско подрачје има околу 500 паркинг места за кои се наплаќа. Оваа бројка ќе се зголеми за уште 40 паркинг места со пуштање во функција и на новата платформа, која е изградена над коритото на реката Отиња, кај новиот Трговски центар, чија изградба е во финална фаза