Штербик дополнително повикан во шпанската репрезентација

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, доби (не)очекуван повик од селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, да се приклучи на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска.

Штербик треба да го замени Перез де Варгас кој ги повреди лигаментите на десното колено.

Шпанските медиуми објавија дека голманот на Вардар итно отпатувал за Загреб и попладне се очекува негово приклучување на националниот тим.

Во полуфиналето утре од 18 часот Шпанија ќе игра со Франција