Штајнмаер разочаран : Германија немала ваква ситуација 70 години

„Ваква ситуација во историјата на Сојузната република, односно од околу 70 години, досега немало“, рече германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во својот говор по повод неуспехот на преговорите за формирање на влада.

„Формирањето на влада е можеби најважната задача која гласачите им ја поставија на партиите, и оваа задача сега е нерешена“, рече Штајнмаер.Тој посочи дека на изборите партиите се кандидирале за да преземат одговорност за Германија.

„Одговорност која тие не можат едноставно така да ја вратат назад на избирачите. Оваа одговорност далеку ги надминува сопствените интереси. И не важи само за избирачите на сопствената партија“, рече тој. Според него,секој што трча за политичка одговорност нема право да бега од неа кога ја има во рацете.

„За мене едно е јасно: во нашата земја и надвор од неа, но особено во европското соседство – неразбирањето и загриженоста ќе се големи. Зашто токму во најголемата и економски најсилна земја во ЕУ политичките сили не се справуваат со своите одговорности“.

На крајот од својот говор Штајнмаер изјави дека ќе оствари разговори со сите партии кои учествувале досега во изборите, како и со другите партии, при што формирањето влада технички е можно. Тој ќе одржи разговори со претседателот на Уставниот суд, Бундестагот и Бундесратот.