Шпаркасе банка ја купува Охридска банка

„Сосиете женерал Франција“ постигна договор со „Штаермаркише Банка“ и „Шпаркасе“ за преземање на акциите што „Сосиете женерал“ ги има во „Охридска банка“. „Сосиете женерал Франција“ поседува 384.844 обични акции со право на глас, кои согласно договореното ќе ги продаде на „Штаер“.

Намерата за преземање на сите акции издадени од „Охридска банка“, како што соопштуваат од банката, ја прими денеска Управниот одбор на „Охридска банка“.

„Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања“, информираат од банката.

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на „Охридска Банка“ ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва.

„Охридска Банка„ АД Скопје, „Сосиете Женерал Груп“, во изминатите неколку години се позиционираше на петто место според висината на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар. Во наредните неколку месеци, „Сосиете Женерал Груп“ и „Штаер“ заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи.

„Охридска Банка“ информираше дека ќе направи непречена транзиција која нема да се одрази врз клиентите.