Шпанска фудбалска федерација: Силна поддршка за Луис Енрике

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес изрази силна поддршка за селекторот Луис Енрике и покрај неуспешниот обид на „црвената фурија“ да биде првопласирана во својата група во Лигата на нации.

„Се разбира дека ја посакувавме победата, но ние сè уште сме на највисоко ниво. Има многу млади играчи во нашиот тим. Ќе се движиме чекор по чекор и ќе акумулираме доверба. Имаме одлични таленти. Ова е нова генерација. Ние мораме да веруваме во овие играчи. Селекторот Енрике, исто така, ја има целосната нашата поддршка во неговата работа. Ние сме воодушевени од неговата работа, изјави Рубијалес.

Шпанија го освои второто место во конкуренција на Хрватска и Англија која е победник во групата.