Шпанија нов европски шампион во ракомет

Репрезентацијата на Шпанија е новиот европски шампион во ракомет, откако вечерва во финалето ја совлада Шведска со убедливи 29:23.

Клучна фигура во триумфот на шпанската селекција беше голманот на Вардар Арпад Штербик кој со своите одбрани во второто полувреме имаше огромен придонес за резултатскиот пресврт.

Швеѓаните одигра подобро во првото полувреме кое го решија во своја корист со 14:12, но потоа на сцена стапи Штербик. Мотивирани од неговите извонредни одбрани, шпанските ракометари на 15 минути пред крајот има плус 5, водство доволно за рутински финиш и трофеј во „Арена Загреб“.

За Шпанија ова е прв трофеј од евро-шампионатите.

Најефикасни на натпреварот беа Соле и Балагуер во победничката репрезентација и Нилсен кај Швеѓаните, сите со по пет погодоци.

Во предигра на големото финале, Франција со 32:29 ја совлада Данска и го освои бронзениот медал.

Следното 14. Европско првенство на програмата е по две години во три земји, Австрија, Норвешка и Шведска.