Шокантна појава на Лил Ким по повеќе пластични операции

Светски познатата раперка Лил Ким се појави на една ревија во текот на неделата на мода во Њујорк и шокираше со својот изглед.

Позната како голема зависничка од пластични операции, самоповиканата кралица на рапот покажа на кој начин таа зависност се одрази на нејзиниот изглед.

Некогашните фотографии јасно докажуваат колку 44-годишната Ким се промени, а многумина ја нарекуваат жената со 1.000 лица.

Иако операциите не ги призна потполно, познато е дека одеше на липосукции, додаваше ботокс и ја избелуваше кожата, но и два пати го оперираше носот, правдајќи се дека поранешното момче и го скршило.

Покрај сето наброено, изгледа дека пејачката правела нови зафати кои ја доведоа до непрепознатливост.

Позната е и по носење силна шминка и перики и се чини дека не планира да се откаже од вештачкиот изглед.