Шкендија против Шериф Тираспол на 24. јули во Скопје

Македонскиот шампион Шкендија првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Шериф Тираспол од Молдавија ќе го игра на 24. јули во Скопје со почеток од 20:15 часот.

Реваншот се игра седум дена подоцна на 31. јули од 19:00 часот во Тираспол.

Шкендија во првото коло го елиминираше велшки ТНС, а Шериф беше подобар од Торпедо Кутаиши од Грузија.