Шкендија го промовираше Ремзифаик Селмани

Новиот македонски шампион Шкендија денеска го претстави Ремзифаик Селмани како прво засилување за новата сезона.

Селмани потпиша тригодишен договор со тетовскиот клуб, а доаѓа од унгарскиот прволигаш Ујпешт Дожа.

–  За мене е голема чест да играм за новиот шампион. Шкендија имаше одлична сезона и се надевам дека ќе се вклопам во овој силен состав. Ќе дадам се од себе и во иднина ќе се радуваме на многу нови успеси, истакна Селмани.

Пред да замине во Унгарија, Селмани го носеше дресот на градскиот ривал на Шкендија, Ренова.