Шилегов ќе ги вади фонтаните и врбите од Вардар

„Вардар не е место каде што се игра“, смета градоначалникот Петре Шилегов и од тие причини ќе ги отстрани фонтаните и врбите од Вардар кои беа дел од проектот „Скопје 2014“. „Тоа ќе се случи наскоро, на пролет“, најави Шилегов. Потенцира дека тоа ќе го стори пред се од безбедносни причини. И фонтаните и врбите го загрозувале течението на реката, а со тоа се зголемувале опасностите од излевање на Вардар после обилни дождови. Извесно е дека фонтаната ќе заврши на отпад, имајќи во предвид дека е нефункционална, а инсталацијата некорисна за друга намена. Каде ќе завршат врбите, се уште се размислува.

Токму врбите и фонтаните поставени среде Вардар во 2011 година, беа меѓу најкритикуваните детаљи од „Скопје 2014“. За трите врби се потрошија околу 250.000 евра, а речиси исто толку чинеа и двете фонтани. Тие се платија со пари од буџетот на Општина Центар. (Д.Т.Д.)