Шефот на германската дипломатија во посета на Грција

Грција – Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска со посета на Грција, ја завршува турнејата низ земјите од балканскиот  регион.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мас во грчкиот главен град ќе биде примен од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, по што ќе следи и прес конференција.

– Двајцата министри ќе се фокусираат на дополнително зајакнување на билатералните односи, врз основа на грчко-германскиот акциски план. Ќе разговараат, исто така и за европски, регионални и меѓународни теми од заемен интерес, со акцент на иднината на Европа, како и случувањата во Западен Балкан и Источниот Медитеран, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи во пресрет на средбата на Коѕијас и Мас.