Гордана Мајнова е новата советничка за здравство

Гордана Мајнова, вработена во министерство за здравство, е новата државна советничка за здравствен менаџмент и здравствена политика.

Тоа се гледа од одлуката што ја донела Владата на 23 овој месец, а е потпишана од државниот секретар Владимир Милошев.

Гордана Мајнова беше шефица на Кабинетот на поранешниот министер за здравство, Владо Димов.

Владо Димов беше министер за здравство во владата на Бучковски. Министерската функција му заврши во 2006 година. Беше гонет за непријавен данок и за незаконско давање согласност за 18 вработувања во струмичката болница во 2005 година, поради што 11 години помина надвор од Македонија. Работеше во болници во Подгорица, во Истанбул и во Софија.