Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина

Шестгодишно девојче од Струга загина во несреќа што се случи вчера околу 12 часот на улицата „ЈНА“ во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, девојчето паднало од балкон на петти кат и починало на самото место.

„Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб“, соопшти МВР.