Шер во Лас Вегас: Секси изглед на 71 година

САД- Поп-ѕвездата Шер освен со хитовите, синоќа на своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас, ја “запали“ публиката и со сценските костими. Ѕвездата со најмногу естетски операции во Холивуд, изгледаше заводливо и на 71 година. Костимите со години ги потпишува дизајнерот Боб Меки.

Шер е единствената соло пејачка која успеа да влезе меѓу првите десет во последните четири декади. Нејзиниот хит “Believe” е нејзиниот најдобро продадениот запис, кој исто така беше прогласен за најдобро продаден сингл во 1999 год. и тоа во 10 милиони копии ширум светот. Таа е добитник и на награда за најдолга успешна кариера од 33 год., почнувајќи од 1965 год. кога го издаде нејзиниот прв сингл, па се до нејзините последни хитови кои се најдоа на првото место на музичките листи во 1999 год. Турнејата “Farewell” во 2005 год. беше прогласена за најуспешна турнеја досега направена од соло пејачка. Во својата долга кариера од 45 год. таа има продадена околу 10 милиони записи ширум светот. После тригодишната пауза и одморот од турнејата, Шер се врати на сцената во 2008 год. со своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас.