Шербеџија: Испив три чаши вино, не бев уапсен

Познатиот актер Раде Шербеџија откри што всушност се случувало на улиците во Калифорнија минатиот викенд.

Иако светските медиуми објавија дека тој бил уапсен за возење под дејство на алкохол, Шербеџија вели дека станува збор само за рутинска контрола и дека платил парична казна на самото место.

„Немаше никаков сообраќаен прекршок. Тие ме застанаа за рутинска контрола и бидејќи имав испиено три чаши вино, алкотестот покажа алкохол во крвта малку над дозволената граница”, рече актерот за српски „Блиц“.

Тој додава дека платил парична казна на самото место и бил ослободен.

Колку за потсетување, порталот ТМЗ денес објави дека Шербеџија бил уапсен во Калифорнија поради возење во пијана состојба. Како што рекоа, полицијата го забележала „лексусот“ на улица во Калифорнија, по што го застанале.

0