Шекеринска на 1 мај ќе се сретне во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе отпатува во  официјална посета во САД , каде што на 1 мај ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис.

Како што дознава „Независен весник”, на средбата со Матис ќе се разгледуваат прашања од стратешката соработка меѓу САД и Македонија, во претсрет и на Самитот на НАТО што ќе се одржи во јули во Брисел, и амбициите на Македонија за стане членка на Алијансата.

Радмила Шекеринска, за време на посетата на Вашингтон, ќе се сретне и со претставници на Стејт департментот, како и со американски конгресмени и сенатори.

По подолго време и по смената на администрацијата во Белата куќа, ова е прва официјална средба на македонски министер за одбрана со американски колега.

Во очекување на јулскиот самит на НАТО, од посебно значење  е стратешкото партнерство што Македонија го постигна со САД по блокирањето на нејзиниот прием во Алијансата во 2008 година – на самитот во Букурешт.

Нема засега информации дали на средбата Шекеринска – Матис ќе стане збор околу преговорите со Грција за надминување на спорот со името, од чиј развој зависи и придвижувањето на Македонија на евроатлантскиот пат