Шведска планира закон за согласност на сексуален однос

Шведската Влада планира да предложи закон за согласност на сексуален однос, што би можело да значи дека пред шведските судови би можело да се најдат повеќе тужби за сексуален напад и силување.

Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека сексуалниот однос доколку не е доброволен, „тогаш е незаконски“. Потпретседателката на Владата, Изабела Ловин посочи дека неодамнешната кампања под слоганот „И јас“ покажала дека постои потреба од нов закон.

Со предлогот кој Владата планира да го одобри утре, со поддршка на другите партии во Парламентот, принудувањето на сексуален чин, доколку лицето не се согласи на тоа или јасно не покаже дека сака да учествува во сексуална активност, ќе се смета за незаконско.