Швајцарскиот гигант „Роше“ ја купува американската „Спарк“ за 4,3 милијарди долари

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Роше“ објави дека постигнале договор во вредност од 4,3 милијарди долари за преземање на американската групација „Спарк терапеутикс“, специјализирана за развој на генска терапија.
Од „Роше“ велат дека бордот на директори го одобрил договорот.
„Спарк терапеутикс“ е формирана во 2013 година и е специјализирана за генска терапија, нов метод во медицината, што помага при генетски болести како слепило, хемофилија и невродегенеративни болести.
Најголем проект им е терапијата за хемофилија, за која имаат направено три проби, и се во најнапредната фаза на развој на лекот, со чие производство треба да почнат на почетокот на следната година.
Лукстурна е третман за наследно нарушување на ретината кое може да предизвика слепило, беше првата терапија одобрена од американските здравствени власти во 2017 година,велат од „Роше“.
Третманот е одобрен и од Европската унија лани.
„Како единствена компанија за биотехнологија која успешно ја комерцијализира генската терапија за генетските болести во САД, изградивмеединствени откритија, развој и дистрибуција на генските лекови“, велат од „Спарк терапеутикс“.
„Но, пациентите и семејствата кои живеат со генетски болести имаат итна потреба од нив. Со светски распространетата мрежа и ресурси „Роше“ ќе ни помогне да го зголемиме развојот и да им помогнеме на повеќе пациенти за повеќе болести, со што ќе добиеме свет ослободен од генетските заболувања“, велат од „Спарк терапеутикс“.