Швајцарија се пласира на Мундијалот во Русија

Репрезентацијата на Швјацарија избори учество на Светското фудбалско првенство 2018 по нерешените 0:0 вечерва во реванш плеј-офот со Република Ирска.

Ремито им беше доволно на Швајцарците со оглед на победата од 1:0 од пред три дена во Даблин на првиот дуел од бараж пресметката.

Швајцарија стана 27. Учесник на Мундијалот во Русија.

Вечерва уште една држава од Европската зона ќе избори пласман на СП. Во Атина од 20:45 часот играат Грција – Хрватска. По првиот меч Хрватите имаат предност од 4:1.