Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина

Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шаља, политички советник на косовскиот претсеател Хашим Тачи.

– Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор, иозјави Шаља за телевизијата Т7.

Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем и ќе биде вклучено како анекс на конечниот договор.