Шанахан: САД се посветени на НАТО

– Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шанахан изјави денеска дека поддржува силно НАТО и оти САД се посветени на Алијансата.

– Нашата обврска врз основа на член 5 останува несменета и САД ќе продолжи да ги предводи и поддржува евроатлантското единство и безбедност, изјави тој пред новинарите во Брисел.

По дводневните разговори со колегите од Алијансата, Шанахан истакна дека САД нема унилатерално да ги повлечат своите сили од Авганистан без претходно да се координира со сојузниците.

Американските војници се околу половина од силите на НАТО во Авганистан, кои во моментов се околу 17 илјади и се дел од Мисијата за поддршка, која има за цел да ги обучува и советува авганистанските безбедносни сили и да помогне да се создаде основа за траен мир во земјата по 18 години конфликт.

– Нема унилатерално повлекување. Тоа беше една од пораките на денешниот состанок. Ќе се координираме. Ние сме заедно, изјави тој, потенцирајќи дека НАТо има клучна улога во развојот на авганистанските безбедносни сили.