Шамар за Модриќ од Каземиро: Златната топка би му ја дал на Роналдо

Бразилскиот репрезентативец Каземиро ги изненади навивачите на Реал Мадрид откако јавно застана зад Роналдо, кој годинава ги напушти „кралевите“ и замина во Јувентус. На прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, тој без задршка го прогласи Португалецот, иако со него и натаму игра официјално најдобриот европски играч – Лука Модриќ.

„Модриќ имаше одлична сезона, со реал ја освои Лигата на шампионите, а со Хрватска играше во финалето на Светското првенство, но најдобар е Роналдо и нему би му ја дал златната топка“, изјави Каземиро.

Титулата за најдобар играќ на светот ќе биде доделена во понеделник и се очекува да му припадне на извонредниот Хрват.