Шаде се враќа на сцената со филмска музика

САД – Шаде сними нова оригинална музика за новата филмска адаптација на „ A Wrinkle in Time“.

„Никој не верува дека таа ќе се согласи, но сепак ја прашав. Таа беше беше пријатна и дарежлива. Вистинска божица. Го започнавме заедничкото патување кое никогаш нема да го заборавам. Со голема гордост ви соопштувам дека Шаде сними оригинална песна за „ A Wrinkle in Time“. Песната се вика „Flower of the Universe“. И ова е вистинско остварување на сон“, изјави режисерката Ава Даверни

Последниот студиски албум на Шаде насловен „Soldier of Love” со нејзината истоимена група, беше објавен во 2010 година.

Меѓу ѕвездите кои ќе се појават во филмот се Опра Винфри, Рис Витерспун, Минди Калинг и многу други. Покрај Шаде, на саундтракот ќе се појават и песни од Деми Ловато, Сиа, Клои и Хејли, како и Келани. Филмската премиера е закажана за 9 март.