Чилиќ прв Хрват во финалето на Австралија опен


Марин Чилиќ е првиот хрватски тенисер кој ќе се бори за трофејот на Австралија опен.
Тој денеска во првото полуфинале го победи Британецот Кајл Едмунд со максимални 3-0, по сетови 6:2, 7:6 и 6:2.

За Чилиќ ова ќе биде второто финале на Грен слем турнирите. Првото го играше во Њујорк 2014 година на УС опен кога стигна до трофејот.

Противник на Хрватот во завршниот меч во Мелбурн ќе биде подобриот од пресметката Роџер Федерер (Швајцарија) – Хјеон Чунг (Јужна Кореја).

Финалето е закажано за в недела.