Чешка повлекува дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија

Чешка ќе повлече дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија, како реакција на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек.

Според портпаролката на Министерството, човекот за врска за земјоделство на чешката амбасада, кој бил поставен од чешкото Министерство за земјоделство ќе ја напушти амбасадата.

Убиството на Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул предизвика критики од цел свет.

Саудиска Арабија, по повеќе од две недели, соопшти дека Кашоги бил убиен во конзулатот.