Четврта „Златна копачка“ за Лионел Меси

Лионел Меси е добитник на „Златната копачка“ за минатата сезона. Оваа награда што традиционално се доделува за најдобриот стрелец на Европа е четврта во кариерата на Аргентинецот колку што има и Португалецот Кристијано Роналдо.

Препорака за признанието на ѕвездата на Барселона беа неговите 37 гола во 34 натпревари за Примера во сезоната 2016/17. Втор по ефикасност беше напаѓачот на Спортинг Лисабон, Бас Дост со 34 погодоци, три повеќе од Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.

Меси ја понесуваше наградата и за сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13.