Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба

Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија.

Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.