Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа

Германија – Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен.

– Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија и СП 2008, 2009 и 2010. Тоа треба јавно да се каже. Не смее да се дозволи судии аматери да одлучуваат за нашите судбини. Ние ги надигравме на нивни терен и пред нивна публика. Бевме подобри. Ни одземаа чиста победа, изјави Червар.

Тој го повика и Меѓународниот олимписки комитет да се произнесе за забелешките кои ги имаа Хрватите за судењето во поразот (22:21) од ко-домаќинот на ракометниот Мундијал.