Червар го напушта ППД Загреб

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и тренер на Металург, Лино Червар си заминува од ППД Загреб.

Тој ќе го предводи хрватскиот шампион на уште неколку натпревари до крајот на годинава, а потоа ќе се фокусира на работата со селекцијата на Хрватска.

– Одлуката е донесена согласно договорот со управата на клубот и тоа уште многу порано. Се договоривме дека ќе го водам Загреб до Нова година, а потоа во целост ќе и се посветам на репрезентацијата. Не очекуваат подготовките за Светското кое е во јануари и навистина имам работа, така што подобро е некој друг да го преземе водењето на клубот, истакна Червар, цитиран од хрватските медиуми

Хрватскиот шампион е прв на табелата во СЕХА лигата каде има седум победи и само еден пораз, но е последен во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Легендарниот тренер ќе биде заменет од Тончи Валчиќ, а негов помошник ќе му биде Горан Рокавец.