Челзи решава за иднината на Маурицио Сари

Иднината на менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, сè уште е нејасна, но може да се разјасни во следните часов. Англиската телевизија „Скај Спортс“ тврди дека клучни фигури во раководството на „сините“ веќе одржале разговори во врска со позицијата на Италијанецот на чело на тимот.

Во тимот се загрижени за последните резултати, кои воопшто не се охрабрувачки. Доцна синоќа „сините“ испаднаа и од ФА Купот, откако дозволија пораз со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“ од тимот на Манчестер Јунајтед.

Раководството е свесно за големите проблеми со кои се соочува Челзи, особено по острата реакција и на „сините“ приврзаници при вчерашниот дуел. Турбулентните свирежи кон играчите на тимот, како и извикувањето „Сари-бол“, ги натерале раководните лица да ја преиспитаат улогата на поранешниот менаџер на Наполи во тимот.

„Сините“ беа декласирани од шампионот на Англија, Манчестер Сити со 6:0 пред десетина дена. Лошите резултати на тимот ги исфрлија од топ 4, а моментално тимот го зазема 6-тото место на табелата во Премиер лигата.

По два дена, Челзи излегува за вториот натпревар од шеснаесетфиналето на Лига Европа против Малме, откако во првиот натпревар победи како гостин со 2:1. Меѓутоа, подоцна во текот на неделата менаџерот на „сините“ ќе има можност да освои трофеј за својот тим – „Карабао Купот“, но за целта треба да го победи својот ривал во финалето – Манчестер Сити.