Челзи заинтересиран за Зидан

Раководството на премиерлигашот Челзи е заинтересирано за францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан да го види како наследник на Маурицио Сари на тренерската позиција, објавија англиските медиуми.

Челзи во последниот период е во резултатска криза. Тимот доживеа три порази на последните пет натпревари, а позицијата на тренерот Сари многу се разниша по последниот пораз од Манчестер сити со убедливи 6:0.

„Сините“ од Лондон се на 6.место во Премиер лигата и обезбедување учество во ЛШ за следната сезона ќе биде голем предизвик за нив до крајот на првенството.

Зидан е без ангажман, откако го напушти Реал минатата година по три последователни освоени шампионски трофеи во Лигата на шампионите.