Челзи го освои ФА Купот

Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 вечерва во финалето на ФА Купот одиграно на „Вембли“ во Лондон.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Еден Азар од белата точка на средината од првото полувреме. За белгискиот напаѓач оваа средба беше 300. во „синиот“ дрес.

За лондончани ова беше осми трофеј во ФА Купот и прв од 2012 година. Од друга страна Манчестер Јунајтед оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј.

За Антонио Конте оваа титула беше втора како менаџер на Челзи, а Мурињо прв пат од сезоната 2007/08, кога тој беше разрешен од тренерската функцијата во Челзи, останува без трофеј