Чаирчанец повреден од огнено оружје

Триесет и петгодишник Т.А. попладнево во Чаир бил повреден со огнено оружје.

Според Министерството за внатрешни работи, пукањето било во 15.15 часот на улицата „Благоја Паровиќ“ во близина на берберницата „Прешево“. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски службеници се на местото на настанот, каде се пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.