Ципрас ја прифати оставката на Коѕијас и го презема МНР

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопшти Кабинетот на претседателот на грчката Влада,

Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили во успешно завршување на Договорот од Преспа“.

Коѕијас денеска ја доставил својата оставка до премиерот Ципрас.