Ципрас до Макрон: Против договорот од Преспа протестираа само екстремисти

На маргините на Самитот на земјите од Југот, што се одржува во Никозија, а на кој учествуваат кипарскиот и францускиот претседател, премиерите на Грција, Италија, Малта и Португалија и министерот за надворешни работи на Шпанија.

Алексис Ципрас, според видеото објавено од грчката телевизија Антена, во дијалогот со претседателите на Франција и Кипар, Макрон и Анастасиадис, говори за неодамнешниот протест во Атина против Договорот од Преспа.

-Беше тешко. Имаше демонстрации на екстремно десничарски популисти против Договорот, вели Ципрас.

-Колку учествуваа?, прашува Макрон.

-На последниот протест беа околу 70 000. Не 17, туку 70. Седум, нула. Не беше толку голем, објаснува грчкиот премиер.

Во друг извадок од дијалогот на маргините на Самитот, Макрон го прашува Ципрас дали мнозинството од граѓаните го поддржуваат Договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Да, така мислам, мнозинството граѓани кои можат да мислат и да критикуваат, користејќи го нивниот ум, одговара Ципрас.

Грчката телевизија објавува кус разговор на грчкиот премиер и со неговиот со неговиот колега од Малта, Џозеф Мускат.

-Од надвор изгледаше тешко, коментира премиерот на Малта.

-Да. Замислете од внатре како беше. Но, затоа ова е важно, му одговара Ципрас.

-Но, обезбедивте место во историјата, додава Мускат.